Oct 27, 2014

Програма за вовед на децата и родителите во читањето

BoekStart е заедничка програма на Холандското министерство за образование, наука и култура и SIOB (Sectorinstituut Openbare Bibliotheken), чија цел е да го помогне читањето на нај-малите читатели.

Водени од идејата, дека децата треба од најмали години да го засакаат читањето, во Холандија голем број институции се вклучени во исполнување на таа национална програма- библиотеки, детски градинки и сл. 

BoekStart е веќе успешно реализирана во Британија. Анализите покажале дека децата, кои почнале да разгледуваат книги од најмала возраст, покажуваат подобри резултати кога ќе тргнат на училиште. 

Jul 23, 2014

Recycled garden decoration

Од ништо-нешто....за да ја создадам оваа рециклажа, прво го пресеков дното на едно пластично шише....Потоа го покрив со папие-маше глина. Брусев откако беше суво и боев со обично моливче :)....на крај фиксирав со лак за дрво.

... to create this cute hedgehogs, I first cut off the bottom of a plastic bottle .... Then cover it with papier-mache clay. When it was dry I use regular pencil to paint the spines... :)

Mar 8, 2014

Среќен 8-ми март, мила мамо!

Многу од вас веројатно се прашуваат, зошто една од основните теми на мојот блог е детството? Зошто тоа е толку важно, зошто толку многу сакам да раскажувам за него, грижливо да ги зачувам спомените, да ги споделам и како археолог да барам нови и нови изгубени спомени...одживеани, но скриени некаде длабоко во срцето.

Mar 7, 2014

Рециклирани теглички од овошни кашички


Ги најдов прашливи и заборавени на една полица во визбата...мали теглички од кашички, кои “преживеале“ од времето на моето нај-рано детство.
На капачињата кои веќе корозирале, пишува Juvitana 86 :)
Решив да ги рециклирам и користам за собирање на мали скапоцености...како копчиња и ситни предмети кои ми се потребни за моите идни креации.
Прво подготвив глина од хартија и на самите капачиња оформив нешто како печурка. Боев со темперни боички и на крај фиксирав со безбоен лак (за да не изветрее бојата, зошто користам ефтини боички кои имаат слаб пигмент).

Feb 21, 2014

Последната сармичка


Ова е последната сармичка...за оваа година :)
Зелките од буренцето со туршија, се потрошија.
Денес ми се насмевна толку слатко со својата оризова устичка.
Збогум зимски сармички...и здраво зелени и свежи салати!
... 
During the winter in my country, we keep cabbages in salty water, so that we can make the traditional specialty, called sarmi. It's rice, carrots and onion...wrapped in the cabbage leaves.
Winter is over...I ate the last one today. We took goodbye.

Update- под тагот fun food, може да разгледате и други “креации“ со храна :)

Feb 20, 2014

Irma Gruenholz


Дали пластелинот е само детска игра?
На ова прашање може да одговори само Irma Gruenholz, артист од Мадрид, која го комбинира пластелинот со хартија, конци, различни “случајно најдени предмети“ ...за да создаде жив и колоритен свет, со голема естетика во деталите.
Свет кој не враќа кон анимациите од нашето детство, а во исто време изгледа по-стилизиран и од “3Д-дигиталните“ илустрации...
Целата најзина работа може да ја разгледате тука....Илустрации од пластелин.

Feb 11, 2014

Како да одбереме адекватни книги за малиот читател?

Ако вашето дете е од оние деца, кои кога еднаш ќе го усвојат читањето, немаат желба да престанат и бараат нови и по-тешки книги, оваа статија ќе ви даде насоки.
Често, колку повеќе учат, толку по-брзо сакаат да преминат од книгите со многу илустрации и кратки реченици, кон по-сериозни книги, со повеќе поглавја и по-малку “бебешки“ изглед.

Како да разбереме дали одредена книга е погодна за нивото на читање и разбирање на детето?
Ако знаеме дека сите деца се различни, предлагам еден лесен начин да проверите дали одредена книга е погодна за вашето дете, според советите што ги најдов на блогот на Мелиса Тејлор за писменоста и воспитувањето на култура на читање кај децата The Imagination Soup, и нејзините размислувања.